ФОТО+ВИДЕО | Се струполи на модната писта: Позната пејачка доживеа непријатна ситуација на Модната недела во Париз
Мексиканската пејачка и актерка Белинда Перегрин (35) во понеделникот прошета по пистата на Mодната недела во Париз. Но, наместо нејзината облека и фигура да го привлечат вниманието на публиката, по ревијата во медиумите се појавија малку поинакви фотографии од Белинда.
Препорачано

Имено, додека се движела на пистата, Белинда се сопнала и паднала, а очигледно за сè биле виновни црвените чизми во кои одела. Набргу потоа, нејзината колешка, бразилската пејачка Анита ѝ пришла на помош, охрабрувајќи ја да продолжи да чекори по пистата.

Видеото од падот брзо почна да се шири на социјалните мрежи, а Белинда решила да го сподели и самата добро да се насмее на сè.
– Не е важно колку пати ќе паднеш, важно е како ќе станеш – напиша таа на својот инстаграм-профил со видеото и јавно ѝ се заблагодари на Анита. А потоа малку се пошегува со себе и го спореди видеото од нејзиниот пад со сцената од популарната серија „Сексот и градот“ кога на пистата падна и Кери Бредшо.
– Најдобриот момент во мојот живот, иако никогаш не ни замислував дека ќе биде така – напиша таа.
Нејзините следбеници ја поддржаа во коментарите и ѝ кажаа колку е убава и елегантна, без разлика што се сопнала и паднала.


