ФОТО+ВИДЕО | Русите полудеа по затворањето Мекдоналдс: Купуваат бургери онлајн за 300 евра

русија мекдоналдс
Русија, Фото: ЕПА, Твитер

Корпорацијата Мекдоналдс вчера објави дека привремено ги затвора сите 850 ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира работењето во Русија, но ќе продолжи да ги плаќа своите руски вработени.

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

Откако веста беше објавена Русите синоќа побрзаа во Мекдоналдс

На социјалните мрежи се проширија снимки од колони автомобили пред продавниците на рускиот Мекдоналдс, како и фотографии од редови луѓе кои чекаат на студот да „лапнат“ Биг Мек додека можат.

Некои гладни, други опортунисти

Некои од луѓето кои успееја да го „фатат последниот воз“ на Мекдоналдс, продаваат храна и додатоци на интернет. На руската страница за онлајн продажба „Avito.ru“ можете да најдете бројни производи од целото мени од сосови или дури и шеќер.

Мекдоналдс, Фото: Авито, принтскрин

„Продавам ретко пакувањеmeni од Мекдоналдс. Неверојатното пакување кое ќе ве загрее со спомени од старите денови“, напишал еден огласувач. Цената на пакувањето е околу 45.000 рубли (20.000 денари).

Мекдоналдс, Фото: Авито, принтскрин
Мекдоналдс, Фото: Авито, принтскрин
Мекдоналдс, Фото: Авито, принтскрин

„Го продавам легендарниот пакет од Мекдоналдс, нема да ги има повеќе, тоа е последна шанса да го продадам по поволна цена“, напиша друг на фотографија од класичното мени кој се продава за 50.000 рубљи (околу 22.000 денари). . Некои продаваат чизбургери, чикбургери, биг мек, пилешки медаљони…

мекдоналсд русија
Мекдоналдс, Фото: Авито, принтскрин

Што сè е потребно за да преживеете нуклеарен напад?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот