ФОТО+ВИДЕО | Ријалити ѕвездата Елеонора Миљковиќ ќе се мажи: Спектакуларно запросување!

Елеонора Миљковиќ
Елеонора Миљковиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Македонската ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ го кажа судбоносното „да“ на својот партнер Чедо, кој со прекрасен букет рози и детали во црвена боја ја запроси во една скопска винарија.

Елеонора Миљковиќ
Елеонора и нејзиниот партнер Чедо / Фото: Принтскрин/Инстаграм

28-годишната Миљковиќ се прослави по учеството во најгледаното ријалити шоу во регионот „Задруга“. Кратко потоа Елеонора се впушти во водителските води, односно работеше како презентерка на временската прогноза на телевизија „Ред“ во Србија. Сега живее во Скопје и работи во областа на маркетингот.

Запросувањето се случило вчера, четврток, во една позната скопска винарија, каде откако нејзиниот сакан традиционално клекнал на едно колено и  ја побарал нејзината рака која веќе ја краси прекрасен веренички прстен.

Елеонора Миљковиќ
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Елеонора и Чедо се во долга љубовна врска, па не е ни чудо што се решиле да ја крунисаат својата љубов со брак. Миљковиќ на својот инстаграм-профил со своите обожаватели и пријатели сподели моменти од прекрасната атмосфера.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот