Фото: Икс / скриншот

ФОТО+ВИДЕО | Пет метри снег ја потрупа Камчатка, сцените се неверојатни

Повеќе од пет метри снег паднале неделава во делови од рускиот регион Камчатка, на далечниот североисток на земјата, а дури и локалните жители, кои добро знаат што е тоа зима и снег, велат дека состојбата е екстремна.

Снежната покривка е просечно три метри на целиот полуостров, но на местата на кои снегот го навеал ветер, има и згради високи 15-тина метри кои се целосно под снег, јавуваат локалните медиуми.

Неверојатните снимки и фотографии кои се објавени на социјалните мрежи ја покажуваат целата моќ на виулицата – цели згради се завеани до третиот и четвртиот кат, многу луѓе се отсечени од цивилизацијата, а улиците се претворени во огромни снежни тунели. Според досегашните информации, најмалку четворица луѓе загинале во лавини предизвикани од наносите од снег. Илјадници луѓе се без струја.

Локалните власти прогласија вонредни мерки и работат на расчистување на патиштата и пристапите до болниците и критичната инфраструктура, додека жителите се соочуваат со сериозни проблеми во секојдневниот живот.

Фото: Икс

Метеоролозите велат дека вакви екстремни снежни бури се редок, но опасен феномен, кој носи ризик од лавини, прекин на струја и целосна изолација на цели населени места.

Според руските медиуми, Камчатка ваков снег не видела уште од времето на Советскиот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот