ФОТО+ВИДЕО | Не ја кријат љубовта: Роберт Билбилов и Лејла Рамковска на романтичен викенд во Грција

Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска

Пејачот Роберт Билбилов и јога инструкторката Лејла Рамковска се еден од најубавите парови меѓу познатите личности кај нас. Тие веќе не ја кријат својата љубов од љубопитното око на јавноста и неретко споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Двојката го искористи слободното време и замина на романтичен викенд на преубавото туристичко место Сивири, на првиот крак на Халкидики.

Според фотографиите, Билбилов и Рамковска се препуштиле на целосен хедонизам – се опуштиле на плажа, вкусиле од традиционалната грчка храна и уживале во поглед кон неверојатно зајдисонце.

„Прекрасен викенд“, напиша Рамковска во описот на објавата на Инстаграм.

Исто така, јога инструкторката откри дека со нив бил и нивниот пријател, композиторот Дарко Димитров.

Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска
Фото: Инстаграм/Лејла Рамковска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот