Фото: „Слободен печат“ /  Здравев Методи

ФОТО+ВИДЕО | Кој и зошто изразува љубов на Чемерија среде Скопје?

Огромен напис на платно со големина од околу десетина метри на кое се испишани зборовите „I love Cameria“ никна на надвозникот кај плоштадот „Скендербег“ среде Скопје утринава.

За кого е ова наменето, кому му служи и со каква цел е поставено засега не е познато, но изутринава предизвика реакција кај голем број скопјани кои се обратија до нашата редакција. Во интерес на граѓаните но и на јавноста „Слободен печат“ се обрати до Општина Чаир да ни дадат појаснување чив е транспарентот закачен во централното подрачје и дали за истиот е побарана дозвола од општинските власти.

Фото: „Слободен печат“ /  Здравев Методи

Од Општината Чаир на нашето прашање дали се информирани за поставувањето на ваквиот транспарент кратко ни одговорија дека не знаат кој го поставил.

– Немаме информации кој го поставил транспарентот иако за тоа се информиравме изутринава преку Фејсбук дека таков натпис виси над надвозникот. Во согласност на нашите ингеренции во текот на денот ќе бидат испратени инспекциски служби да направат увид. Од она што сме информирани засега можеме да кажеме дека вечер на плоштадот „Скендербег“ ќе има културен фестивал со музичка содржина, но дали некој од организаторите го поставил транспарентот или не засега не можеме да потврдиме – велат надлежните од Општина Чаир.

Инаку Чемерија е називот кој Албанците го користат за јужните делови на Албанија и дел од Епир, кој не е прифатлив за Грците, зошто генерално се поврзува со албанскиот иредентизам. Чемерија е дел и од идејата за Голема Албанија и „природното“ поврзување на етничките Албанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот