ФОТО+ВИДЕО | Каков гест! Фризер од Белград бесплатно среди бездомник, промената е неверојатна!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Пепе Маестро

Во гест полн со емпатија и добрина, фризерот од Белград Филип Маринковиќ, одлучил бесплатно да му ја скрати косата на бездомник, давајќи му не само нов изглед, туку и надеж.

Филип ја сподели приказната на својот фејсбук-профил, а како што изјавил за српски „Блиц“ неговата цел е да ги „поттикне и другите да бидат, пред сè, луѓе и да си помагаат едни на други без разлика на сè“.

Фото: Pepe Maestro

 

– Еден час пред него дојде еден господин „убаво“ облечен и се згрози од мојата цена за стрижење. По него дојде бездомник и не ме ни праша за цената, само ме праша дали можам да го средам. Јас му одговорив дека можам и го подстрижав од сè срце. Фин човек и, за жал, бездомник… Стрижењето секако беше на сметка на куќата – рекол Филип.

Филип за „Блиц“ рекол дека ова не е првпат фризерите и берберите да имаат „хуманитарна акција“ и дека претходно им помагале на децата од Звечанска.

– Веќе им помогнавме на децата од Звечанска со манифестацијата „Фризери и жилети за весело детско лице“ – вели Филип.

Фотографиите кои Филип ги сподели на своите профили на Фејсбук и Инстаграм покажуваат драстична разлика пред и по стрижењето. Мажот влегол во салонот со долга и несредена брада и запуштена фризура. Филип го избричил и од неговата несредена брада немало ниту трага, а неговата разбушавена коса се претворила во уредна фризура.

На видеото се слуша како мажот вели: „Да, задоволен сум. Ви благодарам!

Фото: Printskrin/Pepe Maestro

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот