ФОТО+ВИДЕО | Еднобојна жирафа, единствена на светот, родена во зоолошка градина во Тенеси

Фото: Фејсбук/„The National Desk - TND“

Зоолошката градина во Тенеси, САД доби нов жител, еден од најретките во животинското царство – еднобојна жирафа.

Женката е родена на 31 јули и нејзиното тело е целосно кафено, наместо да ги има карактеристичните шари. За неа се верува дека е единствениот таков примерок во светот.

Младенчето брзо расте и веќе е високо 1,83 метри, а за него се грижат мајката и персоналот во градината, пишува „Гардијан“.


Вработените во зоолошката градина се надеваат дека необичното бебе ќе го привлече вниманието на јавноста кон овој вид, кој е се поблиску до исчезнување. Имено, повеќе од 40 отсто од дивите жирафи се истребени во последните три децении.

Во тек е јавен конкурс за избор на име за новата жирафа, а во потесниот избор влегоа Кипеки, што значи „уникатна“ на свахилски јазик, Фирајали што значи „необична“, Шакири – „најубава“ и Џамила – „убавица“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот