ФОТО+ВИДЕО | Бизарен случај: Пар посвоил „девојче“ од Украина, а потоа дознале дека има 22 години

Фото: Profimedia

Кога Мајкл и Кристин Барнет посвоиле шестгодишно девојче, сирак од Украина, во 2010 година, тие ја добиле информацијата дека девојчето боледува од ретко нарушување поради кое имало џуџест раст, пишува „Мирор“.

Сепак, не сѐ било онака како што изгледало, а овој бизарен случај сега е тема на документарната серија „The Curious Case of Natalia Grace“, која се емитуваше на телевизијата Инвестивејшн дискавери.

Во серијата од шест дела, Мајкл и неговата, сега веќе поранешна, сопруга Кристин ја раскажаа нивната страна од приказната за Наталија Грејс, девојчето кое ги излажало за своите години за да им наштети.

Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Мајкл Барнет тврди дека знае со какви трикови се послужила Наталија Грејс и дека таа, всушност, била возрасна личност кога пристигнала во нивниот дом. Грејс, од друга страна, ги отфрла овие тврдења.

Истовремено, Мајкл и Кристин се ослободени од обвиненијата за занемарување (на дете), со кои се соочиле кога се преселиле во Канада и ја оставиле Грејс сама.

Барнетови тврдат дека Грејс била насилна и дека се обидела да ги убие откако се преселила во нивниот дом. Поранешните сопружници тврдат дека Грејс имала 22 години кога ја оставиле, а таа тврди дека била само дете. Во 2012 година, тие успеале да го променат датумот на раѓање на нивната посвоена ќерка од 2003 до 1989 година, што значи дека осумгодишното девојче одеднаш станало дваесетидвегодишно.

Мајкл Бенет / Фото: Dr Phil / Ferrari / Profimedia

Во првата епизода од документарната серија, Мајкл раскажа дека тој и неговата поранешна сопруга забележале неколку сомнителни работи во врска со Грејс уште во првите неколку месеци од нивниот заеднички живот. Тој рече дека во една прилика неговата сопруга ја капела Грејс и забележала дека девојчето има „целосно пораснати срамни влакна“. Потоа го поканила во тоалетот за да му покаже.

„Не знаев што да мислам. Дали е тоа можно? Дали е тоа воопшто можно? Која е оваа личност?“, рече Мајкл.

И покрај сѐ, тие продолжиле да се грижат за неа и ѝ дале „љубов и разбирање“.

Наталија Грејс / Фото: Dr Phil / Ferrari / Profimedia

Работите станале уште почудни кога Кристин воочила дека Грејс имала крвави дамки на долната облека, што алудирало на тоа дека таа добила менструација – многу порано од што треба.

„Се сеќавам како се држеше во тоа време. Нејзините раце ѝ беа пред телото и рече дека добила менструација, но дека го прикрила тоа”, рекол Барнет, додавајќи дека токму тогаш почнал да се сомнева во нејзината возраст.

Во меѓувреме, Грејс била посвоена од Синтија и Антон Манс и таа сега живее со нив и нивните пет биолошки деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот