Фотоизложба за гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски го најавува 10. „Скопје синема сити“

Влатко Стефановски / Фотографија: Стефан Рајхл

Изложба на фотографии со наслов „The Vlatko Stefanovski Experience“ ќе биде отворена на 26 јуни, во објектот „Мала станица“ при Националната галерија, со што ќе биде означен почетокот на 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“, во организација на Здружението „Номад-арт“ од Скопје.

Групната изложба на фотографии посветени на македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски се поставува по повод 50-годишнината од почетокот на неговата кариера.

Изложбата во „Мала станица“ ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски – Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и на музичкиот продуцент Владимир Мандичевски – Манде.

Изложбата сведочи за многубројните концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери. Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска, а автор на фотографијата е Стефан Рајхл.

Фестивалот „Скопје синема сити“, во чијшто фокус се музички документарни филмови, оваа година ќе одбележи 10 години постоење. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотеката на С Македонија од 1 до 4 јули.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 236, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 21-23.6.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот