ФОТО | Ѕвездата на „Игра на тронови“ во лежерно издание: Конечно успеа да ја надмине депресијата од која страдаше со години

Instagram

Ѕвездата од „Игра на тронови“ била уловена од папараците додека се шетала во лежерно издание, во кое многумина не ја препознале.

Британската актерка Лена Хиди (47) која се прослави со улогата на Серсеј Ланистер во серијата „Игра на тронови“ била фотографирана во Лос Анџелес, но многумина не ја препознале.

Папарацо фотографите ја уловиле додека го шетала своето куче со актерот Марк Менчак. Таа била облечена во лежерен стајлинг, спротивен од аутфитот на кој сме навикнати да ја гледаме на црвените теписи.

Profimedia
Profimedia

Носела лежерни панталони кои што потсетуваат на пижами, широка спортска маица и патики, а на лицето немала ниту грам шминка. Аутфитот го заокружила со светло-кафеава капа.

Многумина не ја препознале, но нејзината насмевка на лицето била забележлива.

Животот на Лина сепак не бил воопшто лесен. Таа се венчала за музичарот Питер Лоугран во мај 2007 година, со кој што има син Вили. Набрзо по породувањето изјавила дека тоа бил најтешкиот момент од нејзиниот живот затоа што сфатила дека пати од постпородилна депресија.

Profimedia
Profimedia

„Уште на 15 години страдам од клиничка депресија, и никако не успеав да избалансирам без лековите додека не го добив мојот син. Целосно би ја изгубила контролата над својот живот и на крајот го пронајдов човекот кој што е микс на источна и западна филозофија на полето на современата медицина. Го поминав патот кој што промени многу работи кај мене. Не сакав да бидам зависник и да не можам да живеам без лекови и таблети“, изјавила Лена за британски „Телеграф“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот