ФОТО: Ѕвездата на „Големиот брат“ почина еден ден по излегувањето од болница

Ѕвездата на британското реално шоу „Големиот брат“ Ники Грахам, починала на 38-годишна возраст по само еден месец откако нејзините пријатели ја покренале кампањата GoFundMe за да ѝ помогнат во борбата против анорексија, пишува „Дејли меjл“.

Еден ден пред нејзината смрт, лекарите ја пуштиле од болницата на домашно лекување. Нејзината мајка за медиумите потврдила дека состојбата на Ники се влошила и поради пандемијата на коронавирусот.

Ники се борела со анорексија уште како девојче, а оваа година се пријавила во приватна клиника со надеж дека ќе успее да закрепне, но за жал, не можела да се спаси од анорексијата.

Од својата осма година се бореле со нарушување во исхраната. Пријателите успеале да соберат повеќе од 69.000 фунти преку GoFundMe на 10 март и тие пари биле неопходни за нејзиното лекување, бидејќи семејството повеќе немало финансиски можности да ѝ помогне на Ники.

Смртта ја потврдил нејзиниот пријател Леон Ди.

„Со голема тага ве известуваме дека нашата драга пријателка Ники почина во раните утрински часови во петокот, 9 април. Срцето ни е скршено поради тоа што толку скапоцена личност почина толку млада. Ники не само што ги трогна животите на милиони луѓе, туку и на своите пријатели и семејства, на кои неизмерно ќе им недостасува“, напишал Леон на страницата GoFundMe, додавајќи дека сите собрани пари ќе бидат донирани во здруженијата кои им помагаат на болните од анорексија.

Ники првпат се појави во седмата сезона на „Големиот брат“, во 2006 година, а потоа повторно во 2010 година за време на „Ултимативниот Голем брат. Таа остана запаметена по бројните испади и скандали, а на 58-от ден од учеството во шоуто, продуцентите ја дисквалификуваа. Сепак, нејзините цимери подоцна ја вратија во куќата и таа заврши на петтото место.

 

Tragic: Nikki Grahame's mother insisted her late daughter 'felt lost' when her fame dried up in an interview published a few weeks before she sadly passed away (pictured in 2017)

Imogen and Nikki were spotted grabbing a coffee together in June last year

                         Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот