ФОТО | Животните во скопската Зоолошка градина се разладуваат: Замрзнато овошје за лемурите, лубеница на нилските коњи
Ј.С.
Пред
Вработените во Зоолошката градина на Скопје решија со ледени десерти да им помагаат на животните, полесно да ги поднесат високите температури, кои деновиве надминаа 40 степени Целзиусови.
Секое утро на менито на животните од зоолошката градина, има замрзнато овошје и многу лубеница. Со овошните „сладоледи“ од замрзнато овошје се насладуваат лемурите, а свежата и блага лубеница е наменета за мајмуните, слоновите и нилските коњи.
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Морските лавови, пак, се разладуваат со замрзната риба, а за тигрите и лавовите се подготвуваат сладоледи од месо.
Покрај исхраната, вработените внимаваат животните да се во сенка или во климатизирани простории и постојано да имаат свежа вода, како за пиење, така и за капење.
Во повеќето живеалишта има базени, а животните ги разладуваат и со црево. Најмногу во оваа активност уживаат слоновите и мечките.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Kлоп со една фотографија од Светското првенство ги налути навивачите на Звезда 2 Осомничените за труењето на гостиварци одат 30 дена во „Шутка“, судот им определи притвор 3 ФОТО | Сидни …