Рут и Стивен Роу со децата - Фото: Инстаграм

ФОТО | Живот без дом — продале сè, патуваат со децата низ светот и самите ги школуваат

Брачниот пар Рут и Стивен Роу одлучиле целосно да го променат својот живот и да заминат од Велика Британија заедно со своите две мали деца, Аурора (5) и Атлас (3), за да патуваат низ светот. Тие тврдат дека децата напредуваат и се развиваат и без традиционално школување, учејќи преку секојдневни искуства, прнесува „Мсн“.

Досега семејството посетило 15 земји низ Азија, Европа и Америка, откако ја напуштиле Велика Британија кон крајот на 2023 година. Рут, која има 35 години, и нејзиниот сопруг Стивен, 36, велат дека одлуката ја донеле затоа што сакале поинаков начин на живот и повеќе време со семејството.

Рут и Стивен Роу со децата – Фото: Инстаграм

Во Велика Британија живееле во мирна селска куќа во Херефорд, опкружени со семејство и пријатели, но чувствувале дека нивното патување не е завршено. Пресвртниот момент дошол кога размислувале да ја запишат ќерката во градинка, но го пропуштиле рокот за пријавување и тоа ги натерало сериозно да преиспитаат што сакаат од животот. На крајот донеле радикална одлука – продале речиси сè што поседувале: мебел, облека и автомобил, а задржале само една кутија со спомени кај роднини. Со заштедата и повратот на депозит за стан, го финансирале патувањето и визата за Шри Ланка, каде што прво заминале.

Рут и Стивен Роу со децата – Фото: Инстаграм

Нивниот месечен буџет се движи околу 1.300 фунти, слично како што претходно трошеле за кирија. Во зависност од државата, живеат во различни услови – од апартмани до поголеми сместувања со двор и базен. За храна трошат околу 600 фунти месечно, при што им е важно квалитетното јадење и локалните производи.

Стивен работи онлајн во областа на тренинг и исхрана, додека Рут се грижи за децата и нивното секојдневно образование. Тие велат дека патувањето не само што им ги намалило трошоците за живот, туку им овозможило и повеќе време за семејство.

Рут и Стивен Роу со децата – Фото: Инстаграм

Образованието на децата го организираат преку учење од секојдневни ситуации – посети на музеи, природа, различни култури и комуникација со локалното население. Рут им ги предава основите како читање и математика, но без строг училишен систем и притисок. Децата исто така учат практични вештини, како управување со пари и изучување јазици. За време на престојот во Јужна Америка започнале да учат шпански и активно да комуницираат со локалното население.

Семејството вели дека ваквиот начин на живот им ги зајакнал односите, бидејќи поминуваат многу повеќе време заедно. Иако често добиваат прашања дали ќе се вратат на традиционален живот и школување, тие засега немаат таков план.

Нивната секојдневна рутина зависи од локацијата, но најчесто денот го поминуваат во работа, игра со децата, истражување нови места и заеднички активности. Навечер често го завршуваат денот мирно, со зајдисонце и читање приказни.

И покрај честите промени на средината, децата брзо се адаптираат, а најмногу ги радуваат новите доживувања, храна и култури. За семејството Роу, чувството на стабилност не зависи од местото на живеење, туку од тоа што се заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот