ФОТО | Вистинска гордост — младиот математичар Македон Димитровски со историски успех на Германската математичка олимпијада
Младиот математички талент Македон Димитровски постигна извонреден и историски успех на Германската математичка олимпијада, освојувајќи два златни медала – во индивидуална конкуренција по математика и во математички предизвик.
Препорачано
Со овој подвиг, Димитровски се вброи меѓу најдобрите учесници на натпреварот, а неговите резултати беа дополнително крунисани со влез во престижната група на лауреати – признание што им се доделува само на најуспешните натпреварувачи.

Веста за големиот успех ја сподели неговиот татко.
„Со своите блескави резултати, Македон беше прогласен и во престижната група на лауреати — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите.
Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена.
Честитки, Македон! Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион“, напиша Владимир Димитровски.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


