ФОТО+ВИДЕО | Рекордни 65.000 луѓе учествуваа во новогодишното капење во морето во Холандија

Фото: Принтскрин/ Икс/ Ton Drenthen

Повеќе од 65.000 луѓе учествуваа во традиционалното новогодишно капење во морето во Холандија, а повеќе од 10.000 луѓе скокнаа во морето од плажа во областа Шевенинген во Хаг.

Како што објави порталот „НЛ Тајмс“ (NL Times), бројката од 65.000 луѓе претставува нов рекорд, а луѓето скокнале во морето од 163 локации во Холандија. Претходниот 1 јануари во 2023, околу 50.000 луѓе учествувале во пливањето, скокајќи во морето од 143 локации во државата.

Температурата на водата на плажата во Шевенинген била околу седум степени Целзиусови и имало силен ветер, а како што пренесува „НЛ Тајмс“, сонцето се појавило само кога луѓето излегле од водата, се сушеле и јаделе топла супа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот