-2 C
Скопје

ФОТО+ВИДЕО: Насилни протести ширум Франција против законот за „општа безбедност”

Плоштадот на Републиката во Париз е веќе преполн со луѓе кои се против законот за „општа безбедност”. Демонстрации има и во другите француски градови, како синоќа во Нант каде според полицијата имаше 3.000, а според организаторите од 6.000 до 7.000 учесници, јави дописникот на МИА.

Денешните демонстрации се одвиваат под мотото: „Марш на слободи против законите за слобода”.  Овие демонстрации беа инцирани од синдикатите на новинарите, кои стравуваат дека со новиот закон за кој се дебатира во Парламентот тие не ќе  можат слободно да ја вршат нивната работа.

Прочитајте и...  ММФ: Глобалните економски перспективи остануваат крајно неизвесни заради пандемијата
париз протест безбедност
Демонстраните се судрија со полицијата, Париз, Франција/ 28 ноември 2020/ Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Демонстрациите и поворката беше претходно  забранети во средата од страна на префектот на полицијата Дидие Лалемент, поради санитарни услови. Односно префектот дозволи „Само статички демонстрации за  да се избегне мешањето на луѓето и за да се спречи ширење на вирусот”.

Одлуката на префектот, кој е изложен на силни критики по полициското насилство во Париз уште од времето на жолтите елеци, беше поништена од административниот суд во Париз. Што дозволи одржување на демонстрациите.

Прочитајте и...  По повод верскиот празник Богојавление Водици: Автобусите на ЈСП Скопје утре ќе сообраќаат по неделен возен ред
Активистки на движењето Фемен се забележани на протестите во Париз, Франција/28 ноември 2020/ Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Полицискиот синдикат Алјанс, изрази загриженост за малиот број на припадници на силите на редот кој треба да ги обезбедуваат денешните протести, само 2000 припадници, а се очекуваат околу 40.000 демонстранти. Се стравува од вклучување во демонстрациите на така наречените Црни блокови и Жолтите елеци.

Претседателот Емануел Макрон вчера и тој се вклучи во дебатата за законот, притоа повика на „примерна полиција” и побара од Владата „предлози за борба против дискриминацијата”.

Поврзани вести

Пелоси преку истражно тело ќе ја испитува блискоста на Трамп со Путин

Слободен печат

Вучиќ му одржа лекција на регионот како се справува држава со акутна криза

С.Р.

Зголемена е стапката на самоубиства во Јапонија во текот на вториот бран од пандемијата

Слободен печат

Последните денови на Трамп во Белата куќа

Слободен печат

Лавина во Русија: Властите стравуваат дека се затрупани 12 лица

Слободен печат

Истражување: Јужноафриканската варијанта на коронавирус полесно се пренесува

Слободен печат

Остави Коментар