ФОТО | „Убавината во едноставноста“: Најсексапилната жена на светот позираше топлес

Фото: Инстаграм/Ешли Греам

Машкото списание „Максим“, кое е познато по својата еротска содржина, има традиција да избира најсексапилна жена на годината. Американскиот „плус-сајз“ модел Ешли Греам беше нивниот избор за 2023 година.

„Таа е уметничко дело што оди. Да беше Ботичели жив денес, тој би го отфрлил своето ремек-дело ‘Раѓањето на Венера’ и наместо тоа би ја насликал Ешли“, изјавија од „Максим“ на почетокот од годинава.

Греам сега позираше во топлес издание за списанието „Лав вонт“ („Love Want“), пред објективот на фотографката Бек Парсонс.

„Доловувањето на овие моменти со Бек Парсон беше освежувачка промена. Сонцето, нејзината камера и овој природен изглед направија да поминеме едно попладне, исполнето со слобода и позитивност. Понекогаш, убаво е да ги соголите нештата и навистина да ја цените убавината во едноставноста“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Ешли Греам
Фото: Инстаграм/Ешли Греам
Фото: Инстаграм/Ешли Греам
Фото: Инстаграм/Ешли Греам
Фото: Инстаграм/Ешли Греам

Убавицата, која беше откриена на 12 години во трговски центар, има многу успешна кариера како модел. Таа соработува со голем број светски познати брендови и има повеќе од 20 милиони следбеници на Инстаграм.

Исто така, многу жени ширум светот наоѓаат инспирација во неа бидејќи нејзините облини го сменија начинот на кој се доживува женското тело. Греам често споделува свои природни фотографии, кои не ги средува со програми за уредување и на кои гордо ги покажува своите стрии и целулит. Со ова, таа ги руши табуата за овие нормални појави на женското тело.

Фото: Инстаграм/Ешли Греам

ФОТО | Ова е најсексапилната жена на светот: Да беше Ботичели жив денес, наместо Венера, ќе ја нацрташе неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот