ФОТО | Ова е најсексапилната жена на светот: Да беше Ботичели жив денес, наместо Венера, ќе ја нацрташе неа
Списанието за мажи „Максим“ ја избра најсексапилната жена на светот во 2023 година – „плус сајз“ моделот Ешли Греам.
Препорачано
Во големата репортажа за „Максим“, кое како списание е застапник на природната женска убавина и облини, е истакнато дека Греам внесе „свеж воздух“ во модната индустрија.

Од „Максим“ истакнуваат дека самодовербата на моделот е заразна и инспиративна и докажува дека убавината доаѓа во сите облици и големини.
„Таа е уметничко дело што оди. Да беше Ботичели жив денес, тој би го отфрлил своето ремек-дело ‘Раѓањето на Венера’ и наместо тоа би ја насликал Ешли“, пишува во новиот број на „Максим“.

Ешли Греам била „откриена“ на 12-годишна возраст, во трговски центар во Небраска. Таа ја помина целата своја кариера проповедајќи ја важноста на самоприфаќањето и инспирирајќи ги луѓето ширум светот да ги сакаат своите тела, без разлика на големината и обликот.
„Максим“ заклучува дека Греам е вистинска икона за жените ширум светот, докажувајќи дека негувањето уникатен стил и прифаќањето на природната убавина е ултимативен потег на моќ.
„Ешли, ние ти се поклонуваме“, велат од „Максим“.


