ФОТО | Убава вест за РК Пелистер, продолжува соработката меѓу клубот и Општина Битола
Од Битола пристигнаа убави вести за гордоста на градот, Еурофарм Пелистер. Клубот и локалната самоуправа ја продолжија соработката што започна во 2020 година под името „Платформа за ракометна Битола“, со што уште еднаш ја потврдија заедничката амбиција за стабилна и успешна иднина.
Препорачано
Во салата „Боро Чурлевски“, домот на пелистерци, беше ставен потпис на трет договор во рамките на ова партнерство.
„Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“. Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа.
Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим. Претставниците на акционерите изразија задоволство од овој договор и испратија пораки на победи и титули на армијата навивачи на Еурофарм Пелистер“, порачаа од битолскиот клуб.
View this post on Instagram


