Уапсениот Лукман Кан/Фото: Полиција Њу Касл

ФОТО | Уапсен пакистански мигрант, планирал вооружен напад со многу жртви врз универзитет во САД

Студент на Универзитетот во Делавер e уапсен минатиот месец во Соединетите Американски Држави под обвинение дека планирал да изврши вооружен напад на кампусот на американската образовна институција, и да убие што е можно повеќе луѓе.

Според „Њујорк пост“, станува збор за 25-годишниот Лукман Кан, пакистански емигрант, во чиј автомобил полицијата пронашла цел арсенал, панцир и рачно напишани белешки според кои сакал да „ги убие сите“ и да стане „маченик“.

Според извештајот, 25-годишникот бил уапсен додека бил во својот автомобил по предавањата, во парк пред универзитетските објекти.

Во багажникот на неговиот автомобил, властите пронашле муниција, пиштол, алатка за претворање на пиштолот во автоматска пушка и шаржери за оружје.

Кан наводно го планирал нападот во Универзитетската полициска станица и со себе имал тетратка со детални белешки за планот за напад.

25-годишникот бил запрен случајно, кога полицајците го забележале како седи во својот автомобил и, како што рекле, кога му се приближиле, тој изгледал доста нервозен.

Според ФБИ, Кан – кој наводно е бегалец од Пакистан – се спротивставил на апсењето.

Според локалниот началник на полицијата, полицајците му пристапиле случајно и, како што рекол, ја завршиле својата работа како што треба, наместо едноставно да му кажат да го напушти местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот