ФОТО | Трпел страшни главоболки пет месеци: На лекарите не им е јасно како ова му се заглавило во черепот

Фото: Vietnam-Cuba Friendship Hospital

Неименуваниот маж од Виетнам страдал од неподносливи главоболки пет месеци, а одлучил да побара лекарска помош кога почнал да го губи видот.

Случајот е забележан на 24 ноември во градот Донг Хои, а епилогот е повеќе од бизарен, пренесува британски „Метро“.

 


Откако бил примен во болница, 35-годишниот маж бил прашан дали постојат какви било индиции што би можело да ги предизвика проблемите, но тој не дал одговор.

Лекарите го подложиле на КТ скенирање, а кога пристигнале снимките следувал шок.

Утврдено е дека длабоко во черепот има две скршени стапчиња за јадење, какви што обично се добиваат во кинеските ресторани!

Пациентот останал збунет, а потоа неговото семејство објаснило дека пред пет месеци учествувал во тепачка во која бил повреден.

Тој тогаш завршил во болница, но не биле констатирани ниту пријавени никакви повреди.

Се верува дека при пресметката, ривалот му ги забил стапчињата за јадење во нос и тие се заглавиле.

По консултацијата, лекарите извршиле ендоскопска интервенција и ги отстраниле „туѓите предмети“. Мажот е задржан во болницата и е во стабилна состојба, додека не заврши закрепнувањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот