Фото: ФФМ/Пандев, Барди, Седлоски

ФОТО: Тројцата капитени кои треба да ја водат Македонија до исполнување на мундијалскиот сон

Во духот на традицијата и континуитетот, Фудбалската федерација на Македонија објави фотографија со силна симболика, поранешните капитени Гоце Седлоски и Горан Пандев заедно со актуелниот лидер на репрезентацијата, Енис Барди.

Енис Барди е оној што на теренот ќе ја носи одговорноста да ја води оваа генерација кон нов бараж, додека неговите претходници денес имаат поинаква, но подеднакво значајна улога. Пандев сега е директор на националните селекции, а Седлоски неодамна ја презеде функцијата селектор на А-репрезентацијата.

Статистиката само ја потврдува нивната тежина: Пандев е апсолутен рекордер со 122 настапи во националниот дрес, Седлоски има точно 100, додека Барди во моментов е на бројката од 80 репрезентативни настапи.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот