Фото: Принтскрин/Инстаграм/Villavieresidences

ФОТО+ВИДЕО | Три и пол годишното крстарење низ светот почнува во мај 2024: Во каков луксуз ќе уживаат патниците?

Тригодишното крстарење, кое требаше да се одржи на бродот „Лајф ат си круисес“ (Life at Sea Cruises), е откажано поради проблеми со осигурувањето. Меѓутоа, таквата идеја не е напуштена, па пристигнува неговиот наследник кој ќе ги носи патниците на уште подолго патување.

„Вила ви Резиденс“ (Villa Vie Residences), долгорочен стартап за крстарење, го потврди купувањето на бродот за сопственото три и пол годишно крстарење околу светот. Поаѓањето е предвидено за мај 2024 година, а патувањето ќе трае дури 1.300 дена.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/villavieresidences

Новиот/стар брод „МС Браемар (MS Braemar) го доби името „Вила ви Одисеј“ (Villa Vie Odyssey). Бродот е изграден во 1993 година, но со текот на годините е реновиран и модернизиран. Има капацитет да приме 924 патници во 485 кабини, а неговата релативно мала големина значи дека може да се смести речиси секаде.

Бродот ќе има осум палуби, шеталиште и голем базен. Исто така, ќе има и три ресторани, осум барови и четири салони, како и спа, фитнес центар, библиотека и медицински центар. Ќе има сè што има голем брод за крстарење, нудејќи само малку поинтимно искуство од патувањето.

Патниците кои ќе тргнат на крстарењето од 1.301 ден ќе посетат 147 земји и 425 пристаништа. Ќе имаат брз интернет, интерактивни работилници и други содржини за да се чувствуваат како дома. Тука се дури и програми за голф со симулатор на бродот и екскурзии кои ветуваат авантура.

Престојот во пристаништата ќе варира од два до седум дена. Патниците ќе имаат можност подобро да го запознаат градот, наместо досегашната практика патниците да престојуваат во пристанишните градови само неколку часа, наведува „Си-ен-ен“.

Патниците имаат на располагање внатрешни и надворешни кабини. Внатрешните се 89 долари дневно, т. е. 97.455 долари за тригодишен престој. Надворешните се 119 долари по лице по ден на патување.

Исто така, постои можност за купување апартман, односно кабина. Купувањето вклучува плаќање на 99.000 долари за внатрешната, 149.000 долари за надворешната и 249.000 долари за кабината на балконот. Сопствениците тогаш мора да плаќаат месечни надоместоци од 1.750 долари, 2.500 долари или 4.000 долари по лице.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/villavieresidences

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот