ФОТО: Српскиот политичар Срѓан Ного објави фотографија и најави нови снимки од киднапирањето на Вања

Српскиот политичар Срѓан Ного, објави фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најави дека утре ќе ги објави и сите снимки.

Фотографијата е направена утрината кога Вања е киднапирана, а на другата фотографија која е направена од безбедносни камери на бензиска пумпа, возачот на автомобилот наликува на убиениот Панче Жежовски.

„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панче Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчи и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Ного на „Твитер“.

Се уште не е познато дали Обвинителството ги поседува овие снимки и слики.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот