ФОТО | Српската Брижит Бардо денес има 78 години и изгледа прекрасно!

Десанка Беба Лончар (78) беше актерка со ретка, елегантна убавина, а кадровите од филмот „Љубов и мода“ во кои таа вози веспа низ белградските улици во женствен црвено-бел кариран фустан кој ја истакнува нејзината тенка половина, на цела Југославија ѝ се врежа во памтењето.

Не е ни чудо што по ова филмско остварување во 1960 година, таа доби статус на секс-симбол, како и прекар српска Брижит Бардо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @serbian.faces

Беба имала само 17 години кога станала филмска дива. По улогата во филмот „Љубов и мода“ преку ноќ стана една од најбараните југословенски актерки, а имаше и низа улоги во филмовите „Двајца“, „Д-р“, „Лито виловито“, а потоа „Долги бродови“, кој ѝ ги отвори вратите на европската кинематографија.

По улогата на викиншка принцеза во британско-југословенската копродукција „Долги бродови“, оваа нежна 19-годишна русокоса, можела да избере по кој пат ќе тргне… Го избрала Рим – „вечниот град“, а Италијанците ја обожавале и ја нарекувале „убавата кукла“ и „фаталната русокоса“. Беба била голема ѕвезда во Рим, работела и се дружела со Марчело Мастројани, Ворен Бити, Масимо Раниери …

Заедно со славата и успехот дошле и многу пари. Така Беба на 19 години уживала во луксузот – бел мерцедес, скапа бунда, голем дијамант…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beogradski mesec (@beogradskimesec)

Десанка Беба Лончар денес има 78 години. Таа беше вистинска ѕвезда на југословенската кинематографија, а многу снимаше и во странство.

Таа се преселила во Рим во 1965 година, а била успешна и сакана во Италија. Во вечниот град живеела со сопругот, хрватскиот претприемач Јосип Радељак.

Оваа убавица, која често ја споредуваат со Брижит Бардо, остарела достоинствено и грациозно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katja (@retrospect_dreams)

Беба нагло се повлекла од светот на актерството на 39 години, откако го родила синот. Својот последен филм „La Villa delle anime maledette“ го снимила во 1982 година во Рим, по што ставила точка на филмската кариера. Актерката зборувала дека повеќе немала мотив да заработува пари ниту да гради кариера.

Многу се пишувало и за нејзиниот развод, кој следувал по 23 години брак. Се шушкало дека Јосип ја оставил поради хрватската актерка Ена Беговиќ.

„Додека врската помеѓу мажот и жената е постојано заведување, ништо не е проблем. Сексот е најважниот дел од таа игра. Но, љубовта, за жал, не е вечна, без разлика колку ние жените тоа романтично ја посакуваме. И тука мажите се попаметни.  Тие полесно влегуваат во нови врски, повеќе ризикуваат. Тоа е затоа што живееме во машки свет. Ним им се простува прељубата, а на која жена би ѝ се простило што го оставила сопругот сосе деца и нашла 20 години помлад дечко? Па веднаш би ја ставиле на столб на срамот. Само, кои сме ние да ја судиме љубовта“, рекла убавата Беба.

Интересен бил нејзиниот одговор за медиумите за тоа како од хонорарот за „Љубов и мода“ си купила мерцедес и бунда.

„Воопшто не беше за мене, повеќе за постари жени. Но, во Југославија во тоа време го немаше сето тоа. Еднаш самата себе си купив голем дијамант! Никогаш не ми требаше момче за тоа. Мислам, ако е галантен, дотолку подобро“, изјавла таа за медиумите.

Беба денес живее во Дорќол каде што се родила и израснала. Го сака животот и ужива во него. И на 78 години изгледа фантастично – таа е родена дама, а тоа се гледа и во осмата деценија!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ID Hair Salon (@id_hair_salon)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот