ФОТО | Среќно првачиња: За Хана на Тамара, Петар на Антиќ и многу други дечиња започна првиот час

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Започна првиот училишен ден во новата учебна 2022/2023 година. Први септември е посебно среќен ден за првачињата. Дел од нашите познати јавни личности и инфлуенсери се пофалија со фотографиите од првиот училишен ден на своите деца.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска заедно со својата мајка Брана ја придружуваа Хана на приредбата за добредојде на првачињата во нејзиното уличиште ООУ„Гоце Делчев“ во скопската населба Центар.

Ќерката на Тамара уживаше во секој момент во овој убав септемвриски ден, а друштво и правеше и помалиот син на пејачката Дарен.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Во домот на Перо Антиќ имаше повод за славење. Најмалиот син на актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија како и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација денес стана прваче.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Преслаткиот Петар со насмевка и ранец полн со книги го започна првиот училишен ден. Перо и неговата поранешна сопруга Ружица Максимовска, успешна претприемничка и новинарка споделија фотографии на социјалните мрежи од среќниот ученик.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Ех тој Тоше, ех тој Тоше, денес стои пак во ќоше…“. Ако ова стихче не ви е познато, тогаш корисничкото име од Инстаграм @sanjalala сигурно ќе го препознаете. Сања Ристиќ е мајка на преслатките Иан и Део и сопруга на ракометарот Дејан Пецаковски, а воедно и успешна жена претприемач, сопственичка на мал бизнис.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Постариот син на Сања, Иан, од денес е ученик во прво оделение во ОУ „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Тафталиџе.
Сања заедно со сопругот и помалиот син Део го придружуваат Иан на првиот уличишен час.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Кога го родив кога ми стана прваче! Мајкина среќичка, денес со измешани емоции сме, малку тажни за најубавата градинка на светот и најдобрите учителки, нашите сакани Сузе и Сашка, и среќни за првиот училишен ден и новите предизвици. Среќно на сите првачиња, многу насмевки, убави дружби и 5ки“ – напиша Сања во описот на фотографиите.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Маргарита Каранфилов, наша инфлуенсерка позната како Мама Меги на социјалната мрежа Инстаграм е горда мајка на две ќерки. Постарата ќерка на Меги, Георгина од денес е прваче, а Маргарита за сладок и среќен почеток на учебната година и подари неодолива тематска торта.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Среќен школски почеток дете наше мило. Среќна учебна година на сите ученици“ -напиша Маргарита во описот на фотографиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот