ФОТО | Среќен роденден Маркијан: Семејството Јанковски има повеќе поводи за славење

Фото: Принтскрин/Facebook

Во семејството Јанковски овие денови има повеќе поводи за славење. Неодамна најстариот син на пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“ Ребека Јанковска – Ристески и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески го прослави својот 15 – ти роденден.

Најголемата наша желба е да бидеш среќен и опкружен со добри луѓе. Нашата мисија долго и се уште трае. Се молам за повеќе добрина во светот кој го врти погледот. Жалам за лошите политики, површните анализи, некомпетентните функции на нашите презафатени политичари и нивните грешни души. Среќен Роденден Батка, Мангупски, љубовче и сонце наше. Те сакаме, стои во описот на објавата на Ребека по повод роденднот на нејзиниот најстар син.


Маркијан на 5-ти октомври во кругот на своето семејство го прослави својот роденден, а вчера беше исто така негов ден, негов именден. Еден ден пред Св.Димитрија се празнува Св.Маркијан.

Ребека им. се заблагодариме на пријателите по повод честитките за родендеот на нејзиниот син, а притоа и сподели како го поминале убавиот празничен ден по повод именденот на Маркијан.

Драги луѓе, пријатели, роднини, добронамерници… Ви благодариме за преубавите честитки и искрени желби за роденденот и именденот. Денешниот ден Маркијан го започна со литургија, света причест во црквата Св.Ѓеоргија и кревање (молитва,осветување) на лепчето што мама му го месеше за овој посебен ден за него и за нас, неговиот именден. Св.Маркијан е великомаченик, а се слави еден ден пред Св Димитрија. За многу години Св.Маркијан и Св Димитрија!!! По нивните молитви Господ да се смилува и нека не дарува со смирение, љубов меѓу луѓето и кон Бога, здравје, радост во срцата,чувство на благодарност и покајание. Среќни празнични денови! Слава на Бога!, стои во описот на објавата на Ребека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот