ФОТО | Спектакуларна мода на Евровизија: Водителката Лаура Паузини блесна во креации на „Валентино“

Лаура Паузини
Лаура Паузини во прекрасните креации на „Валентино“ / Фото: Инстаграм, Лаура Паузини

Италија, колевката на модата, понуди автентична лекција за тоа како треба да изгледа водителското трио на Изборот за песна на Евровизија.

Домаќини на годинашното издание на овој музички настан се пејачката Лаура Паузини, телевизискиот презентер Алесандро Кателан и поп-ѕвездата Мика. Иако момците беа навистина елегантни, сите погледи беа вперени кон прекрасната Паузини.

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Пејачката се појави во три целосно розови креации на италијанскиот моден дизајнер Пиерпаоло Пичоли, од неговата последна колекција „Valentino Pink PP“ за модната куќа „Валентино“.

Првиот фустан беше со деколте, вториот беше покриен со светки со макси шлиц, а третиот беше украсен со цветен вез.

Фото: EPA-EFE

„Тие се три прекрасни парчиња дизајнирани за мене. Поласкана сум“, изјави пејачката.

Ова не е прва соработка на Паузини и „Валентино“. Имено, таа веќе носеше нивна креација за време на филмските награди Оскар во 2021 година и на музичкиот фестивал Санремо.

Фото: EPA-EFE
Видео на денот