ФОТО | Сопругата на Меси се појави во Париз во необичен стајлинг, со чанта од 4000 евра

Антонела Рокуцо / 27 септември 2022 / Фото: Profimedia

Сопругата на познатиот фудбалер Лионел Меси, Антонела Рокуцо присуствуваше на ревијата на модната куќа „Диор“ на Модната недела во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


Антонела сака да носи елегантни костуми, кои несомнено се меѓу омилените парчиња облека на голем број жени. За ревијата на „Диор“ таа одбрала модел во сива боја со многу тесни панталони налик на хеланки. Поради ваквиот крој, нејзиното модно издание може да се вклучи и во спортски стил, за што придонесуваат и рамните длабоки чизми.

Сивиот костум е прошаран со црни линии, чантата „Диор“ што ја носеше Антонела направила да се создаде баланс помеѓу елеганцијата и спортската мода.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Атрактивниот модел на чанта, кој „Диор“ го нуди во милион верзии, односно со најразновидни дизајни, според оценките на женската модна публика спаѓа во групата на најпопуларни чанти. Кога станува збор за самото купување, на бројот на купувачи и тоа како влијае цената од 3800 долари, односно 3950 евра, пишува handbagholic.co.uk.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Користените модели, вклучително и копии, може да се најдат на интернет за многу пониска цена, односно за 500 долари. „Добра“ работа е што цената на оригиналот не пораснала од јули годинава, што е истакнато на интернет.

Со фотографија во бикини го засени својот славен сопруг (ФОТО)

Фотографија која го воодушеви светот: Меси и Антонела како деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот