ФОТО | Со кого се бакнува Кери Бредшо и дали Ѕверката ќе „исчезне“ од сценариото на „Сексот и градот“?

Сара Џесика Паркер, Сексот и градот

Бурната љубовна приказна на Кери Бредшо со г-дин Ѕверка беше една од главните теми на серијата „Сексот и градот“

Ѕверка и Кери/Screenshoot/Youtube
Ѕверка и Кери/Screenshoot/Youtube

Сепак се чини дека главниот јунак на шоуто конечно ќе „испари“ од односот со Кери, откако водечката улога на Сара Џесика Паркер, Кери Бредшо беше забележана како се бакнува со ко-ѕвездата Џон Тени, додека Крис (кој го глумеше Ѕверката) го немаше никаде.

Ликот на Џон сè уште не е објавен, но сцените со бакнеж доаѓаат откако фановите шпекулираа дека г-дин Ѕверка можно е да биде убиен во новиот серијал, откако актерите беа видени како снимаат сцени од погребот, а исто така и откако авторката на овој култен серијал, Кендис Бушнел изјави дека „да се најде маж во животот не беше многу феминистичка порака“.

Backgrid USA / Profimedia
Backgrid USA / Profimedia

Џон Тени не соработува првпат со Сара, тие и претходно беа двојка во драмата на ABC „Еднаква правда“ во 1990 година. Исто така, Тени беше дел од екипата во драмта на Кенет Лонерган „Можеш да сметаш на мене“ каде глумеше со сопругот на Сара, Метју Бродерик.

Бакнежот на Кери со нов маж без сомнение ќе ги наведе фановите на „Сексот и градот“ да смислат нови теории околу тоа што ќе се случи со двојката кога ќе се почне емитувањето на серијата во декември – пренесува „DailyMail“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот