Силен ветер откорна кров на училиште во Гевгелија / Фото: ЦУК

ФОТО | Силниот ветер откорна кров на училиште во Гевгелија

Силниот ветер откорнал лимена конструкција од кровот на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Случајот бил пријавен преку Единствениот број за итни повици 112, соопшти Центарот за управување со кризи.

„Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.“, информираат од ЦУК.

Силен ветер откорна кров на училиште во Гевгелија / Фото: ЦУК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот