ФОТО | Шварценегер критикуван за пораката што ја остави во Аушвиц

Фото: Профимедиа

Актерот Арнолд Шварценегер се најде на удар на критики затоа што употребил една од неговите познати филмски фрази при потпишувањето во книгата за гости во Аушвиц.

Меморијалниот центар Аушвиц сподели серија твитови за настанот, вклучително и пораката на актерот во книгата на гости – која го содржела неговиот потпис заедно со неговата позната фраза од „Терминатор“ „Јас ќе се вратам“ (I’ll be back). Поради ова, тој заработи и голем број критики, па многумина коментираа дека иако не мислел ништо лошо, оваа крилатица не е соодветна за ситуацијата и местото каде што се нашол, а неговиот потег го окарактеризираа како „невкусен“ и „непримерен“.


Шварценегер го посетил нацистичкиот логор во Полска како дел од неговата работа со Фондацијата на еврејски центар Аушвиц, која се обидува да едуцира против сите форми на омраза. Уште во јуни Шварценегер доби награда од организацијата „Fighting Hatred“ за неговите пораки против омраза на социјалните мрежи.

Како дел од своето патување, тој се упатил во логорот од Втората светска војна, каде што се сретнал со преживеаните од Холокаустот, синот на Евреите кои го преживеале Холокаустот и една жена која како дете била подложена на експерименти од озлогласениот нацистички лекар Јозеф Менгеле.

„Ова е приказна која мора да остане жива, ова е приказна која мора повторно да се раскажува. Јас сум син на човек кој се борел во нацистичката војна и бил војник… Ајде заедно да се бориме против предрасудите и да ги искорениме еднаш засекогаш“.

Русите го нападнаа Шварценегер на државната телевизија

Отворено писмо на руски режисер за бојкотот: Русија беше избришана за миг

ВИДЕО | Руска спортистка му возврати на Шварценегер: Вашата порака е заснована на измислена реалност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот