ФОТО | Роналдо и Георгина среќни на Инстаграм: Инфлуенсерката се пофали со семејни фотографии

Фото: Инстаграм/ Georgina Rodríguez

Врската помеѓу фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо и Георгина Родригез е актуелна во јавноста веќе некое време, откако се појавија гласини за наводни проблеми и можно раскинување на парот. Сепак, судејќи по среќните фотографии кои Георгина ги објавува на Инстаграм, славниот пар нема мака.

Шпанската инфлуенсерка сподели фотографии од семеен одмор на јахта со нејзините речиси 50 милиони следбеници на Инстаграм. Георгина, Роналдо и нивните четири деца, Кристијано Роналдо Јуниор (13), близнаците Ева Мариjа и Матео (6) и Алан Мартин (5). На сликите недостасуваше единствено нивната најмала ќерка Бела (1).

Фото: Инстаграм/ Georgina Rodríguez

Насмеана и исончана Георгина носи едноставен темнозелен костим за капење и очила за сонце, додека Роналдо се криеше од сонцето со бела капа. На една фотографија фудбалерот е фатен како скока во морето.

Инаку, Георгина е биолошка мајка само на двете најмали ќерки, а останатите деца фудбалерот ги доби со помош на сурогат мајки, а Шпанката потоа ги посвои. За жал, новородениот син на парот, кој беше близнак на Бела, почина минатата година.

Фото: Инстаграм/ Georgina Rodríguez

Семејството сега живее во Саудиска Арабија, каде Роналдо игра за клубот Ал Наср. Кога дошле на Арапскиот Полуостров, поради строгите закони на таа земја кои не дозволуваат невенчаните парови да живеат заедно, многумина мислеле дека по шест години врска парот може да се венча, но тоа не се случи.

Фото: Инстаграм/ Georgina Rodríguez

Но, во случај на нивно раскинување, Георгина се осигурала со договор во кој е одредено што сè ѝ припаѓа, а според договорот, Кристијано е должен да и плаќа месечна поддршка од 100.000 евра до крајот на животот, дознава „Дејли мејл“.

„Преку глава му е од неа“: Кристијано Роналдо и Георгина Родригез имаат криза во врската?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот