ФОТО | Роберт де Ниро прошета на црвениот тепих со 35 години помладата девојка: Главна атракција беа нивните две кучиња
Познатиот актер Роберт де Ниро се појави со својата 35 години помлада партнерка Тифани Чен на премиерата на неговиот нов филм „Витезите од Алто“ во Њујорк, каде главна атракција беа нивните миленици, две кучиња, кои исто така дебитираа во овој филм.
Препорачано
За црвениот тепих, Тифани избра црно плишано одело, а актерот носеше елегантно, класично одело со сив џемпер, и двајцата го надополнија стајлингот со портокалови очила.
Премиерата на филмот, во режија на Бери Левинсон и сценариото Николас Пилеги го привлече вниманието на бројни гости. Во филмот Роберт де Ниро толкува двојна улога во филмот- тој отелотворува двајца италијанско-американски началници за мафија од 1950-тите: Вито Џеновезе и Френк Костела.

Интересна приказна од овој филм се однесува на кучињата на Роберт де Ниро и Тифани Чен. Поточно, Де Ниро во интревју откри дека нивните кучиња морале да ја поминат аудицијата за да го добијат своето место во филмот.
За отсетување, двојката се запозна уште во 2015 година на сетот на „Интернационал“ на кој и двајцата работеле – Де Ниро како главен актер, а Тифани како инструктор по Таи чи. Потоа се дружеа, а подоцна пријателството прерасна во љубовна врска. Романсата започна откако актерот се разведе од поранешната жена, Грејс Хајтауер, со која има две деца. Со Чен потврдија за јавноста дека се во врска во 2021 година, кога биле фатени од папараците во романтични моменти во Њујорк.
Веста дека тие го добија првото дете беше објавена во мај 2023 година, кога Роберт де Ниро, кој стана татко по седми пат, изјави дека е пресреќен и горд, а Тифани е најубавото искуство во неговото животно искуство.
ВИДОЕ | Легендата се враќа: Роберт Де Ниро ги игра двете главни улоги во нова мафијашка драма


