ФОТО | Рецепт од шарениот свет на Марија Старделова: Веганска торта од морков

Марија Старделова/Instagram
Марија Старделова/Instagram

Инстаграм-профилот на Марија Старделова е вистинско шаренило од вкусови, рецепти, естетика и можност да „патувате“ низ боите и да вкусите најразлични здрави оброци. Марија денеска ви приготви вкусен и здрав деликатес.

Сирова, здрава и веганска торта од морков

Состојки:

  • – 1 ½ шолја ореви
  • – ½ шолја кокос
  • – ¼ шолја бадемово брашно (или мелени бадеми)
  • – 1 лажиче цимет
  • – 1 лажиче сув ѓумбир
  • – ¼ лажиче морско оревче
  • – ¼ лажиче сол
  • – 2 лажички кора од портокал или лимон
  • – 1 лажица ванила
  • – 1 ½ шолја свежи урми, без семка (ако не се свежи, покиснете ги 10-тина минути во врела вода)
  • – 1 шолја рендан морков

Прелив:

  • – 1 шолја индиски ореви, киснети 15 минути во зовриена вода (или преку ноќ) и исцедени
  • – ¾ шолја кокосово млеко/крем (од конзерва)
  • – ¼ шолја кокосово масло, стопено
  • – 3-4 лажици јаворов сируп
  • – 1 лажица ванила
  • – 2 лажици сок од лимон (или портокал)
  • – Прстофат сол

Подготовка:

Додадете ги оревите, кокосот, бадемовото брашно, циметот, ѓумбирот, оревчето, солта и кората од лимон/портокал во процесор и пулсирајте додека да добиете смеса што се рони. Додадете ги урмите и пулсирајте додека да добиете инкорпорирано, лепливо тесто. Додадете ги морковите и пулсирајте колку да се измешаат убаво. Обложете тавче со хартија за печење и распоредете го тестото еднавко (притискајте со раце или силиконска шпатула). Ставете го во фрижидер за да се стегне.

Изблендирајте ги сите состојки за фростингот на најјако (собирајте од страните на процесорот) сѐ додека не добиете кремаста смеса. Истурете ја смесата врз базата и ставете во замрзнувач да се стегне. Пред да сечете, ставете ја во фрижидер малку да се одмрзне.

Торта од морков/Марија Старделова
Торта од морков/Марија Старделова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот