ФОТО | Расипништво: Најсуровиот владетел на светот на ќерка си ѝ направи седумдневна свадба

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Секоја кралска венчавка во светот се проследува со посебно внимание, иако во тоа сепак предводи британското кралско семејество, кое го привлекува вниманието со скандалите и со самото тоа отсекогаш било најинтересно за јавноста.

Луксуз и раскош на свадбениот маратон

Но, овој пат одиме малку поисточно, поточно во Брунеи, каде што владее еден од најбогатите луѓе во светот, 75-годишниот султан Хасанал Болкиах. Имено, токму таму неодамна се одржа венчавката на неговата ќерка, 36-годишната принцеза Фаџилах Лубабул и нејзиниот избраник Аванг Абдулах Набил Махмуд Ал-Хашими.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mateen (@tmski)

Султанот ја добил ќерката со својата втора сопруга Маријам Абдул Азиз, поранешна стјуардеса. Имено, свадбената церемонија траела една недела, а раскошот и расфрлањето на свадбената церемонија тешко е да се опишат.

Инаку, Фаџилах дипломирала на Универзитетот „Кингстон“, таа е деветто од дванаесетте деца на султанот и е позната активистка на здравствените организации. Сепак, нејзиниот сопруг не ѝ е толку познат на јавноста.

Свадбениот маратон започнал на 16 јануари со церемонија на која султанот и официјално му дал благослов на новопечениот пар.

Потоа, како последна прослава, била одржана церемонија во големата, позлатена сала во кралската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mateen (@tmski)

Во Брунеи се дозволени полигамни бракови, а султанот се женел три пати. Со своите сопруги има 12 деца, а на сите што се венчале им платил милионски свадби од по неколку дена.

За венчавката на својата најстара ќерка, принцезата Рашида, тој во 1996 година испратил авион по поп-дивата Витни Хјустон за да пее за гостите, што го чинело 10 милиони долари. Тоа е „ситница“ кога ќе слушнете дека „вредноста“ на султанот е околу 20 милијарди долари. Од каде сето тоа доаѓа? Се разбира, од нафтата.

40 милиони долари потрошил за својот роденден

Сепак, ништо не може да ја надмине прославата на неговиот 50-ти роденден во 1996 година. Прославата траела две недели, а за неа биле потрошени речиси 40 милиони долари. Во текот на прославата, Мајкл Џексон пеел дури трипати и заработил речиси 26 милиони долари.

Фото: Профимедиа

Холивуд се крена против законите на султанот

Инаку, султанот Хасанал е познат како неверојатно контроверзна личност, а во 2019 година се обиде да донесе еден од најригорозните закони според кои крадците ќе бидат казнети со отсекување на раката, муслиманите кои пиеле алкохол ќе бидат камшикувани, а членовите на ЛГБТ заедницата ќе бидат каменувани до смрт.

Фото: Профимедиа

Тогаш јавноста се разбуди, a многу познати личности почнаа да го прозиваат. Така, актерот Џорџ Клуни повика на бојкот на хотелите на султанот, вклучително и „Дорчестер“ во Лондон и „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес. Нему му се придружија и други ѕвезди како Џеј Лено, Елен Деџенерис, Шерон Озборн… И сопственикот на „Вирџин ерлајнс“ Ричард Бренсон исто така се приклучи на протестот кога „Вирџин Австралија“ го откажа нивниот договор за патување на нивниот персонал со националната компанија на Брунеи.

По меѓународниот револт, тој своите прилично страотни закони никогаш не ги спроведе во дело.

Султанот од Брунеи, диктатор опседнат со секс: Има златен авион, 7000 коли, а Џорџ Клуни прв го бојкотирал (ФОТО)

Видео на денот