ФОТО | Рајската плажа Маја Беј, на која Дикаприо беше дел од филмот „Плажа“, повторно ќе биде отворена за туристи

плажа Маја Беј Тајланд/Facebook
плажа Маја Беј Тајланд/Facebook

По четири години откако беше затворена плажата Маја Беј, најпознатата лагуна од филмот „Плажа“ со Леонардо Дикаприо, повторно ќе биде отворена за посетители, од јануари 2022, потврдија од тајланскиот оддел за национални паркови.

Оваа драматично убава плажа со фин бел песок и залив во тиркизна боја во облик на паричка, наречен Маја, е дел од Националниот парк Хат Ногшхарат Тара – Му Ко Пхи, кој исполнува холивудски стандарди за тропски рај. Тајланд го доживеа врвот на популарноста со оваа плажа, кога во 2018 на тој залив секојдневно доаѓале преку 6000 луѓе.

Сепак, поради популарноста што ја доживеа, овој прекрасен залив стана „жртва“ на сопствената убавина. Со само 15 метри ширина и 250 метри должина, заливот беше омилен за посетителите кои не секогаш беа фер кон недопрената природа. Куп отпадоци, оштетени билки и песок, уплашен еко-свет се само од некои од непријатностите кои го окупираа овој залив. Сликите на кои туристите се фотографираат со делови од заштитеното подрачје, ги изнервираа граѓаните на Тајланд и овој залив во 2018 беше затворен.

Travel Wild / Alamy / Alamy / Profimedia

Kога повторно ќе се отвори Маја Беј?

Во почетокот, затворањето требало да трае неколку месеци. Со оглед на тоа дека е потребно подолго време да се врати природната хармонија на заливот, но и да се инсталира потребната инфраструктура за заштита, одговорните го продолжија „замрзнувањето“ на островчето на четири години.

Официјалните информации за отворањето се дека во јануари овој залив ќе биде повторно отворен, два месеци откако Тајланд почна да прима вакцинирани туристи од 63 земји.

плажа, Маја Беј
EPA-EFE/STRINGER

Во изјава за медиумите, Министерот за природни ресурси и животна средина на Тајланд изјави:

„Заливот Маја е од исклучителен интерес на туристи од целиот свет. Но, тоа е исто така причина за влошување на природното подрачје, особено коралите. Откако го затворивме заливот, тој се обнови и освежи и сега е во добра состојба“.

Во иднина, на оваа плажа ќе можат да престојуваат само 300 туристи и тоа најмногу еден час меѓу 10 и 16 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот