ФОТО | Прво огласување на Огњен Амиџиќ откако стана татко по вторпат: Објави фотографија и го откри името на синот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот водител Огњен Амиџиќ вчера го доби вториот син со втората сопруга Мина Наумовиќ и не ја крие среќата поради пристигнувањето на новиот член на семејството.

Амиџиќ и неговата убава сопруга добија бројни честитки, а сега гордиот тато одлучи за првпат да се огласи по повод прекрасната вест.

Популарниот водител во својата приказна на Инстаграм објави фотографија од симболот на богот Перун и на тој начин откри дека неговото второ дете се вика Перун.

Foto: Printskrin / Instagram

„Ви благодарам за честитките и добрите желби. Мина, Перун и јас“, напиша Амиџиќ.

Да потсетиме, Мина и Огњен работеа заедно неколку месеци во емисијата „Амиџи шоу“, а љубовта дошла непланирано. Тие извесен период ја криеја врската, а водителката набрзо забремени, поради што се повлече од јавноста. Во меѓувреме, Мина и Огњен тајно се венчаа, а својата љубов ја крунисоа со пристигнувањето на приновата во нивното семејство.

ФОТО | „Најдете некој што ќе ве…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели емотивна фотографија од семејниот дом

ФОТО | Мина Наумовиќ неколку часа пред породувањето објави фотографија: Водителката покажа како изгледала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот