ФОТО | Пропаѓа прескапата фонтана за која се потрошија 8,2 милиони евра
Фонтаната „Воин на коњ“ лоцирана на градскиот плоштад е уште еден доказ колку надлежните не се грижат да го одржуваат она што во градот веќе е изградено и за кое се потрошени многу пари.
Препорачано
Оваа фонтана е еден од најскапите објекти изградени во рамките на проектот „Скопје 2014“, за неа се потрошени неверојатни 8,2 милиони евра. Пуштена е во употреба на Денот на независноста на Македонија, на 8 Септември 2011 година и за само 14 години фонтаната која свиреше, прскаше и светеше во различни бои, се сведе на ова што е денес – прска со „работно време“, од коритото испаѓаат плочи, лавовите уште што не „прошетале“ бидејќи се изместени од фонтаната, приодот кон неа се распаѓа, а белите плочки на околниот простор се посивени, нечисти и грди.

Оваа фонтана, како и оние на плоштадот Филип Втори од другата страна на Вардар се меѓу ретките кои имаат специфично работно време – не работат ноќе, а преку ден откако ќе се „наспијат“ ги вклучуваат во 10 или 11 часот. Според објаснувањата на надлежните до 10 часот наутро се санираат евентуалните дефекти и се чисти ѓубрето. И така секој ден.
Скопјани изненадени, фонтаната на плоштад годинава пуштена навреме
Но, никому не му текнува да ги обнови сите испопаѓани плочки од страна, па така додека фонтаната „Воин на коњ“ се распаѓа, подната фонтана воопшто и не работи со години.
Колку за потсетување – Градскиот плоштад е во надлежност на Град Скопје, а за фонтаните се грижи ЈП „Водовод и канализација“.






