ФОТО: Продаден на аукција скутерот со кој екс францускиот претседател одеше кај љубовницата

Франсоа Оланд и Џуди Гаје/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON / POOL

Скутерот што го користеше поранешниот француски претседател Франсоа Оланд тајно да излезе од Елисејската палата за да се сретне со својата љубовница, денеска на аукција беше продаден за 20.500 евра.

Купувачот , сопственик на музеј на автомобили наречен „Prestige et collection“ во Сал, западна Франција, планира таму да го изложи овој Piaggio MP3 125.

-Скутерот „е дел од француската историја. Ќе го изложам меѓу 120-те возила што веќе ги поседувам, а кои датираат од 1922 година до денес“, изјави купувачот Денис Брешер.

Написи во француските весници за љубовната афера на Оланд/Фото: Х

Во 2014 година , фотографиите што протекоа во медиумите го прикажуваа тогашниот претседател Оланд во тајност, како вози скутер додека го носи својот шлем, во посета на неговата тогашна љубовница и идна сопруга , актерка, режисерка и продуцентка Џули Гаје.

Измамената партнерка на Оланд, Валери Трирвежие, кратко потоа ја објави популарната книга „Merci pour ce moment“ која го открива нејзиниот живот на Шанзелизе со социјалистичкиот претседател, кој беше избран во 2012 година.

Аукцијата која се одржа пред 40 луѓе, траеше само 10 минути и притоа аукционерите внимателно го покажаа скутерот.

Првиот сопственик на скутерот навистина бил „Претседателот на Републиката“, според документите за регистрација на возилото, кое веќе има поминато околу 34.000 километри, според километражата.

„Тоа е Rolls (Royce) на скутери, но неговата цена на пазарот на половни производи се проценува на само 1.300 до 4.000 евра“, изјави организаторот на аукцијата Емерик Руила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот