ФОТО | Принцот Хари отворено за вечната траума: Ниедно дете не треба да оди позади ковчегот на својата мајка!

инстаграм

Смртта на принцезата Дијана ги одбележа принцовите Хари и Вилијам и нивната болка во справувањето со загубата секој ја доживеал на различен начин.  Но, принцот Хари откако се „ослободи“ од службената обврска да биде тивок член на кралското семејство, сепак ја сподели емоцијата за себеси со јавноста.

Принцот во една прилика уште во 2017 откри дека бил принуден да оди зад ковчегот на мајка си на погребот. Тој тогаш имаше само 12 години и изјави:

„Од ниедно дете не треба да се бара да прави такво нешто, без оглед на околностите“.

Во поворката позади ковчегот на Дијана, одеа тој и брат му Вилијам, татко му Чарлс, дедото и вујкото. Потресната фотографија од тој миг, ја овековечија многу фотографи и папараци, а во прилог на тоа, Вилијам изјави дека тоа било најтрауматичното нешто што го доживеал.

Погребот на принцеза Дијана/Фејсбук
Погребот на принцеза Дијана/Фејсбук

„Мајка ми штотуку почина, а јас морав да одам долг пат зад ковчегот во која лежеше, опкружен со илјадници луѓе кои ме гледаа, како и милиони луѓе на малите екрани“ –  рекол принцот Хари во ексклузивно интервју за Newsweek, додавајќи дека денес како возрасен човек поинаку би постапил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот