ФОТО | Пола човек: Ана Ивановиќ не личи на себе откако и официјално ги поднесе документите за развод од Швајнштајгер
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ деновиве ужива во убавините на Париз, а на последната фотографија која ја објави на својот Инстаграм направена од нејзината омилена градина, ги загрижи следбениците, но и јавноста.
Препорачано
Имено, откако Ана (37) и нејзиниот сè уште законски сопруг, познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер (40), како што пренесе „Кронен“, поднеле официјални документи за бракоразводна постапка, некогашната тенисерка е видно ослабена.
Често проблемите влијаат врз апетитот, но сепак Ана не била никогаш послаба, а токму овој податок ги загрижи следбениците, кои ѝ ја пружија сета поддршка.
„ Ана изгледа грациозно како и секогаш. Убаво да си поминеш по целата болка … Стана толку кревка … Сè најдобро за тебе …“ , Сè уште сум шокирана. Не би помислила, но секако ти посакувам се најдобро и нов почеток, кој со текот на времето ќе биде полесена“, гласеа дел од коментарите.
View this post on Instagram
Шпекулациите за можен крај на нивниот брак се шират повеќе од еден месец. Во тој период, јавноста дозна бројни детали од нивниот приватен живот – од фактот дека не живеат заедно, поделбата на имотот, до наводите за евентуално несогласување поради колешката на Бастијан, популарната водителка Естер Седлачек.


