Хи-Мен – Роџер Свит - Фото: Икс/DiscussingFilm

ФОТО | Почина творецот на Хи-Мен — Роџер Свит замина во легендите на 91 година

Светот на играчките загуби еден од своите најголеми визионери. Роџер Свит, долгогодишниот дизајнер на компанијата „Мател“ и човекот кој го создаде култниот акциски јунак Хи-Мен, почина во вторникот на 91-годишна возраст, по долготрајна борба со деменција. Свит беше клучната фигура во одделот за дизајн на „Мател“ во текот на 70-тите и 80-тите години.

По големата грешка на компанијата во 1976 година, кога ја одбија понудата за производство на играчки за „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), тимот се фрли на работа за да создаде сопствен херој.

Хи-Мен играчка – Фото: Инстаграм/heman

Роџер Свит експериментирал со глина, додавајќи му мускули и моќен борбен став на тогашниот модел „Big Jim“. Токму тој прототип стана основа за Хи-Мен, кој официјално се појави на пазарот во 1982 година и веднаш стана хит.

„Јас ја имам моќта!“

Само една година подоцна, во соработка со студиото „Filmation“, започна емитувањето на анимираната серија „Хи-Мен и Господарите на Универзумот“ (He-Man and the Masters of the Universe) . Приказната за принцот Адам од планетата Етернија, кој со помош на Мечот на моќта се претвора во Хи-Мен, стана симбол на детството за милиони луѓе низ светот, вклучувајќи ги и генерациите кај нас.

Хи-Мен играчка – Фото: Инстаграм/heman

Иако неговиот творец замина, франшизата на „Хи-Мен“ продолжува да живее. Веќе на 5 јуни во кината пристигнува долгоочекуваниот акциски филм „Masters of the Universe“. Главната улога ја толкува Николас Галицин, а во филмот ќе ги видиме и холивудските ѕвезди Џаред Лето, Алисон Бри и Идрис Елба.

Роџер Свит зад себе ја остави сопругата Марлен, но и вечното наследство на најмоќниот човек во универзумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот