ФОТО | „Плејбој“ од 2004 година со интервју на Александар Вучиќ се продава за 855 евра

Број од српското издание на списанието „Плејбој“ од 2004 година, во кое има интервју со актуелниот српски претседател Александар Вучиќ, се продава за неверојатни 855 евра.
Имено, интервјуто на Вучиќ со наслов „Урбан радикал на Белград“ се нашло на страниците на еротското списание, а познатата книжевничка Исидора Бјелица му поставила 20 прашања.
Две децении подоцна, конкретниот број на „Плејбој“ се најде на веб-страница за онлајн продажба, а оние кои би сакале да го имаат во својата колекција ќе мора да одвојат неверојатна сума пари.
„Ова интервју за ‘Плејбој’ е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на огласот.

За потребите на интервјуто, Вучиќ позирал на кревет во бела карирана кошула. На една од фотографиите, додека со едната рака држи грозје над главата како Дионис, во скутот има чинија со овошје, а во другата рака држи книга. За насловната фотографија на интервјуто е избрана онаа на која српскиот претседател е насмеан.
Исто така, одговорите на Вучиќ секако ја покачија цената на овој број на „Плејбој“.
„Патував за Подгорица, со првиот утрински лет, тој во 5.45. Ние, сојузните пратеници, имавме право на авионски билети, па по грешка ми дадоа билет на име на мојот сопартиец Драган Тодоровиќ. И така, љубезниот господин на пријавувањето ми рече: Супер, господине Вучиќ, сега ќе се преправам дека не ве препознав и дека сте господин Тодоровиќ, а сега пријдете малку поблизу ако можете. Јас во тој момент се вознемирив, мислев дека ќе ми откријат нешто за работењето на компанијата, за некои малверзации, за корупција во најмала рака. А човекот тивко ми рече: ‘Господине Вучиќ, закопчајте си го патентот на панталоните’. Јас пропаднав во земја“, споделил српскиот претседател.
Isidora Bjelica: Urbani radikal nad Beogradom, Playboy 9/2004 pic.twitter.com/IptyNDkZa3
— Slobodarska Srbija (@SlobodarskaSrbi) February 10, 2019