ФОТО | Павле Камилоски со Николас Кејџ во најпознатото машко списание „GQ“: Голема чест

павле камилоски
Павле Камилоски и Николас Кејџ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Музичарот Павле Камилоски публиката го запозна со караванот „Мала Италија патува“ која воодушеви со своите изведби на бројни медитерански песни и шансони. Во текот на изминативе години остана доследен на италијанската нота и стил, но, почна да создава и своја музика.

Сега, Камилоски на својот инстаграм-профил со своите обожаватели и пријатели сподели дека е дел од априлското издание на престижното машко списание „GQ“.

На насловната страница на истиот број на списанието, пак, се појавува и холивудскиот актер Николас Кејџ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavle Kamiloski (@pavle_kamiloski)

Имено, Павле Камилоски е дел од новиот број на списанието поради неговата долгогодишна соработка со модниот бренд „Сињори“.

„Машка инспирација од 1931 година. Сè е кажано и направено. Kаква голема чест е ова“, напиша тој во описот на неколкуте фотографии кои ги сподели од списанието „GQ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот