ФОТО | Париз ќе стане вистински рај: Најпознатата авенија Шанз-Елизе ќе се трансформира во „извонредна градина“

Градоначалничката на „градот на светлината“ Ана Идалго даде зелено светло за 250 милиони евра за трансформација на најпознатата авенија во францускиот главен град.

Градоначалничката на Париз рече дека промената на Шанз-Елизе во вредност од 250 милиони евра ќе продолжи, иако амбициозната трансформација нема да се случи пред францускиот главен град да биде домаќин на Летните олимписки игри за кои е планирано да се одржат во 2024. година, пишува британски Гардијан.

Како ќе изгледа авенијата Шанз-Елизе во 2030 година / Фото: Твитер – извор: PCA stream

Ана Идалго рече дека планираната работа од 2019 година од лидерите на локалната заедница и деловните субјекти, ќе го претвори потегот од 1,9 км на централниот дел на Париз во „извонредна градина“.

Комитетот на Елисејските полиња води кампања за голем редизајн на авенијата и околината од 2018 година.

„Легендарната авенија го изгуби својот сјај во последните 30 години. Парижаните постепено беа напуштени и беа погодени од неколку последователни кризи: штрајкови, здравство и економија“, се вели во комитетот во изјавата за поздравување на најавата на Хидалго.

Фото: Твитер – извор: PCA stream

„Честопати се нарекува најубава авенија во светот, но оние кои работиме тука секој ден не сме воопшто сигурни дека тоа е така“, рече .Ан-Ноел Рајнхард, претседател на комитетот во 2019 година, истакнувајќи дека „Елисејските полиња имаат се повеќе посетители и деловни активности со големи имиња кои се борат да бидат на авенијата, но за Французите изгледа дека магијата е истрошена“.

Комитетот одржа јавна консултација за тоа што треба да се направи со авенијата. Плановите вклучуваат намалување на просторот за возила за половина, претворање на патиштата во пешачки и зелени површини и создавање тунели со дрвја за подобрување на квалитетот на воздухот.

Името Шанз-Елизе е францускиот назив за митскиот грчки рај, Елизијски полиња. Првично била мешавина од мочуришни и кујнски градини.

Андре Ле Нотр, градинарот Луј XIV,  прво го дизајнираше широкото шеталиште наредено со двоен ред брест од секоја страна, наречено Гранд Курс.

Во 1709 година авенијата е преименувана во Шанз-Елизе кога и се проширила, а до крајот на векот станува популарно место за прошетка и пикник.

Париз го прослави ослободувањето од нацистичката окупација на Шанз-Елизе во 1944 година, додека победите на Светскиот куп сè уште го носат народот на авенијата, но нејзиниот познат шарм е избледен и парижаните претежно ја избегнуваат авенијата.

Денеска Елисејските полиња се познати по своите скапи кафулиња, луксузни продавници, продавници за скапи автомобили,  додека киријата на авенијата е меѓу највисоките во светот.

Пред корона-кризата да го запре меѓународниот туризам, архитектот Филип Киамбарета, чија фирма „PCA-Stream“ ги подготви плановите за промена Шанз-Елизе, изјави дека од околу 100.000 пешаци на авенијата секој ден, дури 72% биле туристи, а 22% работат таму.

Автопатот со осум ленти се користи во просек од 3.000 возила на час, што го прави позагаден и од обичниот обиколник „периферик“ околу главниот град на Франција, додаде тој.

Архитектот на проектот истакна дека Шанз-Елизе станало место кое ги сумира проблемите со кои се соочуваат градовите ширум светот, „загадувањето, местото на автомобилот, туризмот и потрошувачката“ и треба да се преработат за да бидат „еколошки, пожелни и инклузивни“ .

Плановите вклучуваат и редизајн на познатиот Place de la Concorde (Плоштад на Слогата), најголемото место во Париз – на југо-источниот крај на авенијата, опишано од градското собрание како „општински приоритет“. Ова се очекува да заврши пред Олимписките игри. Целта е да се трансформира Шанз-Елизе до 2030 година.

Идалго за Ле Журнал ду Диманш изјави дека проектот е еден од неколкуте наменети за трансформација на градот „пред и по 2024 година“, вклучително и претворање на областа околу Ајфеловата кула во „извонреден парк во срцето на Париз“.

Погледнете како ќе изгледа „градот на светлината“ за една деценија:

Фото: Твитер – извор: PCA stream
Фото: Твитер – извор: PCA stream
Фото: Твитер – извор: PCA stream
Фото: Твитер – извор: PCA stream
Фото: Твитер – извор: PCA stream
Фото: Твитер – извор: PCA stream
Фото: Твитер – извор: PCA stream

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот