Панда младенчињата Лени и Лоти - Фото: CARSTEN KOALL / AFP / Profimedia

ФОТО | Панда младенчињата Лени и Лоти за првпат на отворено во берлинската зоолошка градина

Лени и Лоти, младенчиња панди родени во август 2024 година, за првпат ги истражуваат отворените простори во зоолошката градина во Берлин.

Панда младенчињата Лени и Лоти – Фото: CARSTEN KOALL / AFP / Profimedia

Тие се вториот пар џиновски панди родени во Германија. Првите беа нивните постари браќа Менг Ксијанг и Менг Јуан, кои станаа далеку попознати под германските имиња Пит и Пол.

Родени се во август 2019 година и беа голема атракција во Берлин се додека не беа префрлени во Кина пред повеќе од една година – патување кое беше планирано од самиот почеток, но одложено поради пандемијата на корона-вируст.

Сите тие се потомци на мајката Менг Менг и таткото Џиао Куинг, кои пристигнаа во Берлин во 2017 година.

Џиновските панди тешко се размножуваат и раѓањето е особено добредојдено. Во Кина живеат околу 1.800 панди во дивината и неколку стотици во заробеништво ширум светот.

Менг Менг бил вештачки оплоден, а женските панди се плодни најмногу неколку дена во годината.

Кина со децении им ја дава својата неофицијална маскота на пријателските нации како дел од политиката на „панди дипломатија“. Земјата сега позајмува панди во зоолошките градини под комерцијални услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот