Фото: Принтскрин/Инстаграм/Здравко Чолиќ

ФОТО | Оваа актерка била првата љубов на Здравко Чолиќ: Се појави вчера на фестивалот во Сараево, а плени и на 70 години

Еден од најпопуларните пејачи на овие простори со децении зазема високо место на листата на „срцекршачи“, тоа е кариера која се одвиваше паралелно со музичката. Многу дами од Вардар до Триглав и денес „не би му простиле“.

Сепак, неговото срце повеќе од две децении ѝ припаѓа на сопругата Александра, со која има две ќерки. А, дали знаете која му била првата љубов на Здравко Чолиќ?

Таа вчера се појави на Филмскиот фестивал во Сараево и ги привлече сите погледи на црвениот тепих во интересна креација. Нејзиното име е Јасна Орнела Бери, има 70 години и е позната босанско-херцеговска актерка.

Фото: Antonio Balic / imago stock&people / Profimedia

Чола и Јасна се вљубиле во седумдесетите години на минатиот век, додека двајцата живееле во Сараево. Но, за таа романса Јасна проговорила неколку децении подоцна.

– Ние се запознавме многу млади, одамна. Отидовме на Скендерија, во Домот на млади, кој собираше таленти, тука имаше не само музичари, туку и актери и сликари. Се дружевме и тука првпат се вљубив – раскажала Јасна за „Дневни аваз“.

– Сите имаме први љубови и секогаш ќе има дел од моето срце кое е резервирано само за него. Особено затоа што имав прекрасно искуство кое ќе го паметам до крајот на мојот живот – додала Јасна.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Потоа, нивните патишта се разделиле, а, по војната, повторно се сретнале.

– Беше тоа многу емотивна средба. Здравко е човек кој шири позитивна енергија, го има тоа нешто. Тој е добар човек. Кај него го сакав тој негов нерв, таа искра во окото којашто не престанува.

– Тоа и понатаму е љубов што не можете да ја погалите и држите за рака. Ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“ – открила првата љубов на Здравко Чолиќ, која публиката ја гледаше во популарните филмови и серии како „Во земјата на крвта и медот“, „Луд, збунет, нормален“…

Здравко Чолиќ познатиот хит „Ноч ми те дугује“ ѝ го посветил на глумицата Јасна: Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот