ФОТО: Оштетена сајлата од жичарницата Тетово-Попова Шапка, голема опасност за луѓето

Фото: Слободен печат

Сајлата од жичарницата Тетово- Попова Шапка која повеќе од две децении е надвор од употреба е ризик за луѓето.

Фото: Слободен печат

На повеќе места таа е оштетена, и е навалена долж патот кој води кон скијачкиот центар.

Фото: Слободен печат

Алпинистот Надир Мурсели вели дека постои опасност сајлата да се скине оти ваквите сајли си имаат животен век од 10 до 15 години, а оваа е стара 6 децении.

Фото: Слободен печат

-Сајлата е обложена со челични влакна и како што може да се види, оваа  обвивка на повеќе места е оштетена. Сајлата на некои места поминува и над објекти па евентуално ако се скине останува прашање што се може да се случи.

Друг недостаток на сајлата е што таа на некои места се спушта над патот што води кон Попова Шапка. Доколку таа се спушти до самиот пат тогаш возилата не ќе можат да поминуваат. Од она што го истражував речиси никаде во светот нема оставено жичара која не функционира. Во случај да е надвор од употреба тогаш сајлите мора да се отстранат – вели алпинистот Надир Мурсели.

Од Скијачкиот центар Попова Шапка велат дека во план е сајлата целосно да се острани, но сепак за тоа треба процедура оти се работи за голема сајла, која е на повеќе места оштетена.

Фото: Слободен печат

-Од страна на техничко одговорно лице се олабавува сајлата одвреме на време за да не се скине, па да направи посериозни проблеми. Реално сајлата треба да се отстрани целосно од столбовите. Наша надлежност е да се тргне. Ќе видиме, имаме во план, работиме на тоа да направиме некоја постапка за да ја отстраниме целосно сајлата.

Баравме да се направи увид од техничка инспекција за да имаме насоки, а ќе исконтактираме и со инженерите од Машински факултет коишто ни прават испитувања и за другите жичарници. Тие треба да ни дадат конкретна некоја насока што да преземеме за да можеме да ја отстраниме сајлата. Тоа е стара и огромна сајла и треба да се преземат сериони чекори заради безбедност, за да може да се отстрани. Не можам да кажам конкретно време, но преземаме чекори што се во наша надлежност – изјави Адем Авзиу, управител на ЕЛЕМ Турс.

Жичарницата Тетово-Попова Шапка во воениот конфликт во 2001 година беше оштетена и оттогаш воопшто не е пуштена во употреба. Низ годините имаше ветувања од властите дека истата ќе се рехабилитира, а потоа дека ќе се изгради нова. Но, ниту старата жичарница која сега претставува опасност се острани, ниту пак има некој идеен проект за изградба на нова жичарница до скијачкиот центар Попова Шапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот